Нашите услуги
HR дијагностиката е почетна точка за секоја сериозна интервенција.
Преку структурирана анализа на организациската структура, лидерските практики, системите и културата, добивате јасна и објективна слика за тоа како навистина функционира компанијата. За дијагностиката се користи SynapseHR Intelligence Platform кадешто се анализираат 45+ KPI за да се види детално сликата на организацијата.
Што добивате:
- Мапирана моментална состојба
- Идентификувани ризици и приоритети
- Конкретен план на интервенции со бизнис логика
Резултат:
Јасност што треба да се подобри – пред да инвестирате во промени.
Податоците за флуктуација, продуктивност, ангажираност и перформанс на вработените имаат вредност само ако се претворат во одлуки.
Работам со организациски индикатори за да помогнам раководството да носи информирани наместо интуитивни одлуки.
Фокус:
- Анализа на флуктуација и задржување
- Анализа на перформанс и продуктивност
- Индикатори за лидерска ефикасност
Резултат:
Одлуки базирани на податоци наместо претпоставки.
Кога компаниите растат, често ја надраснуваат сопствената структура. Улогите стануваат нејасни, одговорностите се преклопуваат, а процесите го кочат растот.
Помагам во дизајн и унапредување на јасна организациска структура и функционални HR процеси.
Фокус:
- Организациска структура и јасни улоги
- Онбординг, развој и перформанс процеси
- Системи на одговорност и донесување одлуки
Резултат:
Помалку „сива зона“, повеќе јасност и одговорност.
Компаниите често планираат приходи, инвестиции и капацитети – но не и луѓе.
SWP е процес со кој стратешки се планираат потребните профили, компетенции и организациски капацитети за идниот раст.
Фокус:
- Анализа на сегашни и идни капацитети
- Идентификација на критични улоги и ризици
- План за развој, регрутација и реорганизација
- Усогласување на стратегијата со структурата
Резултат:
Подготвена организација за следната фаза на раст со квалитетна HR стратегија која е алајниран со бизнис стратегијата.
Перформансот не се гради со KPI-а на хартија, потребни се јасни цели, очекувања и континуирани разговори.
Помагаме во дизајн и имплементација на системи за управување со перформанс кои се разбирливи и применливи – за менаџери и за вработени.
Кога ова е релевантно:
- Целите постојат, но не се поврзани со секојдневната работа
- Оценувањата се формалност, без реален ефект
- Менаџерите избегнуваат тешки разговори за перформанс
Што креираме:
- Јасни цели и KPI-а
- Структура за следење и фидбек
- Поврзаност меѓу резултати, развој и одговорност
Резултат:
Појасни очекувања, поквалитетни разговори и систем што навистина го поддржува перформансот – наместо само да го мери.
Компензациите не се само плата. Тие се јасна порака за вредноста на улогите, перформансот и придонесот во организацијата.
Помагаме во дизајн и унапредување на системи за компензации и бенефиции кои се фер, конкурентни и усогласени со бизнис целите – без непотребна комплексност.
Фокус:
- Платни структури и грејдинг на работни позиции
- Јасни принципи за зголемувања и наградување
- Поврзаност меѓу перформанс, улога и компензација
- Пакети на бенефиции усогласени со потребите на вработените и можностите на компанијата
Резултат:
Поголема транспарентност, намалени тензии и систем на наградување што поддржува мотивација, задржување и одржлив раст.
Успешните компании го следат потенцијалот на вработените и инвестираат во нив – тие планираат кој ќе ги води утре.
Работам на идентификација на клучни кадри и развој на лидерски континуитет.
Фокус:
- Мапирање на потенцијал
- Развојни патеки
- План за наследување на критични позиции
Резултат:
Стабилност и намален ризик при промени.
Ангажираноста на вработените е резултат на јасни очекувања, доверба и лидерство, не може да се реши само со годишна анкета.
Работиме со организации кои сакаат да разберат што навистина ја движи нивната култура и да создадат средина во која луѓето знаат што се очекува од нив – и зошто. Поддржуваме менаџерски тимови во создавање средина што ја поддржува перформансата.
Фокус:
- Лидерско однесување
- Комуникација и доверба
- Усогласување на вредности и практики
Резултат:
Поголема доверба, повисока ангажираност и култура што го поддржува перформансот при секојдневната работа.
Обуките и работилниците се алатка за поддршка на системските промени и развој на однесувања што се потребни во секојдневната работа.
Секој формат што го дизајнираме е поврзан со конкретен контекст, реални ситуации и јасна цел, дизајниран според потребите на компанијата.
Нудиме:
- практични менаџерски и лидерски обуки
- интерактивни работилници базирани на реални предизвици
- развојни формати прилагодени на конкретен тим или организација
Резултат:
Поголема јасност, посигурни менаџери и применливо знаење што веднаш се пренесува во пракса.
HR функцијата има потенцијал да биде бизнис партнер – но тоа бара знаење и систем.
Обучувам HR професионалци и менаџери како да работат стратешки и да носат одлуки базирани на податоци.
Резултат:
HR кој придонесува кон бизнис резултати, а не е само административна функција.
Во комплексни и динамични средини, лидерството бара повеќе од оперативна ефикасност.
Mindful Leadership Retreat е интензивен формат на работа со лидерски тимови насочен кон лична јасност, одговорност, квалитет на одлуки и одржливо влијание.
Фокус:
- Лидерска самосвест и интегритет
- Донесување одлуки под притисок
- Емоционална стабилност и влијание
- Усогласување на лични и организациски вредности
Резултат:
Позрели лидери, посмирени одлуки и поконзистентно однесување во услови на притисок.
Секој ангажман започнува со разговор.
Заедно утврдуваме каде сте, што ви е потребно и кој е следниот најлогичен чекор.

Mindful growth. Human-centered leadership.
