HR во реалноста

Практичен HR серијал за реалните предизвици во секојдневната пракса.

HR во реалноста е месечен едукативен серијал наменет за HR професионалци кои сакаат практични, применливи знаења и простор за дискусија за реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат.

Фокусот на обуките е преку практични примери и споделување добри пракси да разговараме како HR навистина функционира во организациите.

Цел на серијалот

  • практични HR обуки со директна применливост
  • простор за размена на искуства меѓу HR професионалци
  • дискусија за „сивите зони“ во HR праксата
  • пристапни обуки со висок квалитет на содржина

Серијалот е создаден за HR публика која сака да учи од реални ситуации, а не само од модели и алатки.

За кого е наменет?

Серијалот ‘HR во реалноста’ е наменет за:

  • HR специјалисти
  • HR Бизнис партнери
  • People & Culture професионалци
  • HR Менаџери
  • Млади HR професионалци кои градат практична основа

Обуките се релевантни и за оние што работат блиску со луѓе и управуваат тимови и перформанс.

Како функционира серијалот?

  • Формат: онлајн, интерактивни обуки
  • Времетраење: 2 -2.5 часа
  • Фреквенција: една обука месечно
  • Пристап: преку дискусии и споделување добри пракси

Секоја обука ја води Томида Караиванова Алаѓозовска, а секој месец учествува и гостин-предавач – HR професионалец од корпоративниот свет, кој носи дополнителна перспектива и конкретни HR практики од терен.

Во зависност од интересот, дел од обуките ќе се реализираат и во classroom формат.


Теми на обуките

Во рамки на првите четири обуки, ќе бидат опфатени следните теми:

Од KPI до однесување: како да се постават функционални цели

Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Секоја година поставувате KPI, но резултатите заостануваат.

Feedback што создава јасност: како HR да постави рамка за ефективни разговори

Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Секоја година ги обучувате менаџерите за давање фидбек, но разговорите сеуште се тешки и неефикасни.

HR мандат во пракса: како HR да има влијание без постојано да притиска

Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Поставувате рамки, давате насоки и поддршка, но одлуките повторно се носат без HR.

Организациска култура во пракса: што HR реално може да промени

Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Постојано зборувате за вредности и култура, а секојдневните однесувања не се менуваат.

Прва обука јануари ’26: Од КПИ до однесување – како да поставиме функционални цели

Темата беше фокусирана на поврзување на цели, KPI и однесување во performance management процесите, со акцент на нивната примена во секојдневната работа.

Разговаравме за тоа како се поставени системите, што не функционира и како да се смени.

Гостин-предавач беше Ивана Дојчиновска Стојановиќ – HR консултант со корпоративно искуство, што ја збогати дискусијата со практични примери и различни перспективи.



Имате предлог за тема за HR обука?

Сте пропуштиле некоја од обуките и сакате да ја повториме?


Испратете ни ја вашата идеја на contact@evolvia.mk и ќе ја земеме во предвид при планирање на следните обуки.


Mindful growth. Human-centered leadership.