Јасни HR системи. Ефективни менаџери. Одржливи резултати.

Помагаме на компании да изградат HR и лидерски системи што носат јасност, одговорност и резултати.

Нашиот пристап

Работиме со компании кои сакаат јасност, структура и одржливи резултати.

Практичен пристап

Фокус на реалните ситуации во организацијата – како се носат одлуки, како се водат луѓето и како се постигнуваат резултати.

Системско размислување

HR, лидерството и перформансот ги разгледуваме како поврзани елементи кои носат компаниски резултати.

Прилагодени решенија според потреба

Секое решение го прилагодуваме на големината, зрелоста и индустријата на компанијата, како и на конкретните предизвици со кои се соочува.

Каде најчесто се појавува проблемот

Во многу организации постојат HR политики, процедури и алатки, но тие не се поврзани со реалната работа на менаџерите и тимовите.

Целите постојат, но не се преведени во јасни очекувања и одговорности.

  • HR останува административна функција
  • Менаџерите немаат јасна улога во управување со луѓе
  • Перформансот само се мери, но не се управува

Услуги

Фокусирани области во кои градиме јасност, луѓе и резултати.

HR системи и организациска јасност

Јасни улоги, HR процеси и одговорности што функционираат во пракса.

Обука и развој на менаџери и тимови

Практични обуки за HR и лидерски вештини.

Актуелни програми и иницијативи

HR во реалноста – практичен формат базиран на реални ситуации од терен.

Со кого најчесто работиме?

Компании кои немаат целосно развиена HR функција

HR тимови кои се во фаза на професионализација

Менаџери со висока експертиза, но ограничена поддршка за лидерската улога

Сопственици и директори кои сакаат јасни HR системи и одговорности

Доколку ви е потребна поголема јасност во улогите, подобра поддршка за менаџерите и HR системи што навистина функционираат, првиот разговор е простор за да ја разбереме вашата ситуација, контекст и реалните предизвици.

Mindful growth. Human-centered leadership.