Evolvia нуди консултантски и развојни услуги за организации кои сакаат јасност во управувањето со луѓето, одговорност во одлуките и системски пристап кон перформансот, развојот и културата.

Нашите услуги

Анализа на организација и управување со луѓе (HR diagnostic)

HR дијагностиката е почетна точка за секоја сериозна интервенција.

Преку структурирана анализа на организациската структура, лидерските практики, системите и културата, добивате јасна и објективна слика за тоа како навистина функционира компанијата. За дијагностиката се користи SynapseHR Intelligence Platform кадешто се анализираат 45+ KPI за да се види детално сликата на организацијата.

Што добивате:

  • Мапирана моментална состојба
  • Идентификувани ризици и приоритети
  • Конкретен план на интервенции со бизнис логика

Резултат:
Јасност што треба да се подобри – пред да инвестирате во промени.

HR податоци и анализа на индикатори (People Analytics)

Податоците за флуктуација, продуктивност, ангажираност и перформанс на вработените имаат вредност само ако се претворат во одлуки.

Работам со организациски индикатори за да помогнам раководството да носи информирани наместо интуитивни одлуки.

Фокус:

  • Анализа на флуктуација и задржување
  • Анализа на перформанс и продуктивност
  • Индикатори за лидерска ефикасност

Резултат:
Одлуки базирани на податоци наместо претпоставки.

Организациска структура, HR политики и процеси(Organizational design)

Кога компаниите растат, често ја надраснуваат сопствената структура. Улогите стануваат нејасни, одговорностите се преклопуваат, а процесите го кочат растот.

Помагам во дизајн и унапредување на јасна организациска структура и функционални HR процеси.

Фокус:

  • Организациска структура и јасни улоги
  • Онбординг, развој и перформанс процеси
  • Системи на одговорност и донесување одлуки

Резултат:
Помалку „сива зона“, повеќе јасност и одговорност.

Стратешко планирање на работна сила(Strategic Workforce Planning – SWP)

Компаниите често планираат приходи, инвестиции и капацитети – но не и луѓе.

SWP е процес со кој стратешки се планираат потребните профили, компетенции и организациски капацитети за идниот раст.

Фокус:

  • Анализа на сегашни и идни капацитети
  • Идентификација на критични улоги и ризици
  • План за развој, регрутација и реорганизација
  • Усогласување на стратегијата со структурата

Резултат:
Подготвена организација за следната фаза на раст со квалитетна HR стратегија која е алајниран со бизнис стратегијата.

Управување со цели и перформанси (Performance Management)

Перформансот не се гради со KPI-а на хартија, потребни се јасни цели, очекувања и континуирани разговори.

Помагаме во дизајн и имплементација на системи за управување со перформанс кои се разбирливи и применливи – за менаџери и за вработени.

Кога ова е релевантно:

  • Целите постојат, но не се поврзани со секојдневната работа
  • Оценувањата се формалност, без реален ефект
  • Менаџерите избегнуваат тешки разговори за перформанс

Што креираме:

  • Јасни цели и KPI-а
  • Структура за следење и фидбек
  • Поврзаност меѓу резултати, развој и одговорност

Резултат:
Појасни очекувања, поквалитетни разговори и систем што навистина го поддржува перформансот – наместо само да го мери.

Компензации и бенефиции (Compensation & Benefits, Job Grading)

Компензациите не се само плата. Тие се јасна порака за вредноста на улогите, перформансот и придонесот во организацијата.

Помагаме во дизајн и унапредување на системи за компензации и бенефиции кои се фер, конкурентни и усогласени со бизнис целите – без непотребна комплексност.

Фокус:

  • Платни структури и грејдинг на работни позиции
  • Јасни принципи за зголемувања и наградување
  • Поврзаност меѓу перформанс, улога и компензација
  • Пакети на бенефиции усогласени со потребите на вработените и можностите на компанијата

Резултат:
Поголема транспарентност, намалени тензии и систем на наградување што поддржува мотивација, задржување и одржлив раст.

Управување со талент и наследување (Talent Management& Succession Planning)

Успешните компании го следат потенцијалот на вработените и инвестираат во нив – тие планираат кој ќе ги води утре.

Работам на идентификација на клучни кадри и развој на лидерски континуитет.

Фокус:

  • Мапирање на потенцијал
  • Развојни патеки
  • План за наследување на критични позиции

Резултат:
Стабилност и намален ризик при промени.

Организациска култура и ангажираност(Engagement & Culture)

Ангажираноста на вработените е резултат на јасни очекувања, доверба и лидерство, не може да се реши само со годишна анкета.

Работиме со организации кои сакаат да разберат што навистина ја движи нивната култура и да создадат средина во која луѓето знаат што се очекува од нив – и зошто. Поддржуваме менаџерски тимови во создавање средина што ја поддржува перформансата.

Фокус:

  • Лидерско однесување
  • Комуникација и доверба
  • Усогласување на вредности и практики

Резултат:
Поголема доверба, повисока ангажираност и култура што го поддржува перформансот при секојдневната работа.

Развој на менаџери и лидери (Leadership Development)

Обуките и работилниците се алатка за поддршка на системските промени и развој на однесувања што се потребни во секојдневната работа.

Секој формат што го дизајнираме е поврзан со конкретен контекст, реални ситуации и јасна цел, дизајниран според потребите на компанијата.

Нудиме:

  • практични менаџерски и лидерски обуки
  • интерактивни работилници базирани на реални предизвици
  • развојни формати прилагодени на конкретен тим или организација

Резултат:

Поголема јасност, посигурни менаџери и применливо знаење што веднаш се пренесува во пракса.

Развој на HR капацитет (Strategic HR Development)

HR функцијата има потенцијал да биде бизнис партнер – но тоа бара знаење и систем.

Обучувам HR професионалци и менаџери како да работат стратешки и да носат одлуки базирани на податоци.

Резултат:
HR кој придонесува кон бизнис резултати, а не е само административна функција.

Лидерска зрелост и одржливо лидерство (Mindful Leadership Retreat)

Во комплексни и динамични средини, лидерството бара повеќе од оперативна ефикасност.

Mindful Leadership Retreat е интензивен формат на работа со лидерски тимови насочен кон лична јасност, одговорност, квалитет на одлуки и одржливо влијание.

Фокус:

  • Лидерска самосвест и интегритет
  • Донесување одлуки под притисок
  • Емоционална стабилност и влијание
  • Усогласување на лични и организациски вредности

Резултат:
Позрели лидери, посмирени одлуки и поконзистентно однесување во услови на притисок.

Секој ангажман започнува со разговор.
Заедно утврдуваме каде сте, што ви е потребно и кој е следниот најлогичен чекор.

Mindful growth. Human-centered leadership.