За Evolvia

Усогласување на стратегија, луѓе, лидерство

Evolvia е HR и лидерски консалтинг партнер за организации што сакаат повеќе од формални процеси. Работиме на усогласување на стратегијата, луѓето и културата во еден функционален систем.

Ги комбинираме стратешката експертиза, анализата на податоци и mindful пристапот кон лидерството за да создадеме стабилни, одговорни и одржливи организации.

Нашиот фокус е јасен: системи што функционираат, лидери што носат зрелост и култура што го поддржува перформансот.

За Еволвиа За

Основач и консултант

Јас сум Томида Караиванова Алаѓозовска, основач и Стратегиски HR консултант во Evolvia. Со 19 години искуство во HR и организациско лидерство, мојата работа секогаш била насочена кон едно прашање: како да се создаде систем што функционира и кога условите се стабилни и кога се сложени – преку луѓето.

Во корпоративната пракса имам работено на организациски дизајн, системи за перформанс, компензациски рамки, talent management и Strategic Workforce Planning. Работев со извршни директори и менаџерски тимови во периоди на start-up, раст, спојувања и аквизиции, трансформација и зголемена комплексност.

Верувам дека одржливата организациска стабилност се гради врз три столба: јасна стратегија, функционален систем и лидерска зрелост. Без тие три елементи, секоја промена останува површна.

Evolvia е создадена како платформа за таа работа – системска, аналитичка и истовремено човечка.