
HR во реалноста
Практичен HR серијал за реалните предизвици во секојдневната пракса.
HR во реалноста е месечен едукативен серијал наменет за HR професионалци кои сакаат практични, применливи знаења и простор за дискусија за реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат.
Фокусот на обуките е преку практични примери и споделување добри пракси да разговараме како HR навистина функционира во организациите.
Цел на серијалот
- практични HR обуки со директна применливост
- простор за размена на искуства меѓу HR професионалци
- дискусија за „сивите зони“ во HR праксата
- пристапни обуки со висок квалитет на содржина
Серијалот е создаден за HR публика која сака да учи од реални ситуации, а не само од модели и алатки.

За кого е наменет?
Серијалот ‘HR во реалноста’ е наменет за:
- HR специјалисти
- HR Бизнис партнери
- People & Culture професионалци
- HR Менаџери
- Млади HR професионалци кои градат практична основа
Обуките се релевантни и за оние што работат блиску со луѓе и управуваат тимови и перформанс.
- Формат: онлајн, интерактивни обуки
- Времетраење: 2 -2.5 часа
- Фреквенција: една обука месечно
- Пристап: преку дискусии и споделување добри пракси
Секоја обука ја води Томида Караиванова Алаѓозовска, а секој месец учествува и гостин-предавач – HR професионалец од корпоративниот свет, кој носи дополнителна перспектива и конкретни HR практики од терен.
Во зависност од интересот, дел од обуките ќе се реализираат и во classroom формат.
Теми на обуките
Во рамки на првите четири обуки, ќе бидат опфатени следните теми:
Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Секоја година поставувате KPI, но резултатите заостануваат.
Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Секоја година ги обучувате менаџерите за давање фидбек, но разговорите сеуште се тешки и неефикасни.
Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Поставувате рамки, давате насоки и поддршка, но одлуките повторно се носат без HR.
Ако одговорите позитивно на изјавата, оваа обука е за вас: Постојано зборувате за вредности и култура, а секојдневните однесувања не се менуваат.
Прва обука јануари ’26: Од КПИ до однесување – како да поставиме функционални цели

Темата беше фокусирана на поврзување на цели, KPI и однесување во performance management процесите, со акцент на нивната примена во секојдневната работа.

Разговаравме за тоа како се поставени системите, што не функционира и како да се смени.

Гостин-предавач беше Ивана Дојчиновска Стојановиќ – HR консултант со корпоративно искуство, што ја збогати дискусијата со практични примери и различни перспективи.
Втора обука 16.02.2026
Feedback што создава јасност: како HR да постави рамка за ефективни разговори
Feedback е една од најчестите HR теми, а истовремено и една од најтешките за практична примена. Иако постојат различни модели, разговорите ретко се водат со јасна структура, заеднички јазик и реални очекувања.
Февруарската обука од серијалот HR во реалноста е наменета за HR професионалци кои сакаат да:
- постават појасна рамка за feedback разговори
- поддржат менаџери да даваат конкретен, употреблив feedback
- избегнат нејасни пораки и дефанзивни реакции
- ја поврзат улогата на HR со реалната комуникација во тимовите
Обуката е практична, со примери од секојдневната работа и простор за дискусија. Оваа обука гостин-предавач ќе ни биде Ана Костовска – HR консултант, кој има богато искуство од корпоративниот HR свет.



Трета обука 26.03.2026
HR мандат во пракса: како HR да има влијание без постојано да притиска
Во реалноста, HR ретко има формална моќ, а често има високи очекувања. Кога улогата е нејасна, HR почнува да „турка“, да спасува ситуации или да презема одговорности што не се негови.
Мартовската обука од серијалот HR во реалноста е наменета за HR професионалци кои сакаат да:
- го дефинираат својот реален HR мандат во организацијата
- изградат влијание преку систем, податоци и кредибилитет
- постават јасни граници со менаџерите без конфронтација
- поврзат HR иницијативи со бизнис резултати и ризик
- престанат да притискаат и да почнат да позиционираат
Обуката е практична, со реални HR ситуации, анализа на случаи и конкретни алатки што можат веднаш да се применат во компанија. Ќе работиме на тоа како HR да создава структура, ownership и доверба – наместо зависност од постојани потсетувања и ескалации.
Во третата обука од серијалот, гостин предавач ќе ни биде Искра Трајковска – HR директор и HR консултант која има долгогодишно корпоративно искуство и директна работа со менаџерски тимови во различни индустрии.


📅 26.03.2026
⏰ 18:00 – 20:30
💻 Online обука
🕒 Траење: 2,5 часа
💰 Редовна цена: 2.600 ден.
🏷️ Рана пријава (до 15.03.2026): 2.150 ден.
Имате предлог за тема за HR обука?
Сте пропуштиле некоја од обуките и сакате да ја повториме?
Испратете ни ја вашата идеја на contact@evolvia.mk и ќе ја земеме во предвид при планирање на следните обуки.
